„ЗОШТО ЛИЧНО ВИ ТРЕБАВ КОГА ДОСЕГА МИЛИОН ПАТИ СТЕ ПОСТАПУВАЛЕ ПО ДОПРЕН ГЛАС ОД ЈАВНОСТА“ - Арсовска ги достави документите за нелегалното градење до ОЈО

Објавено во: Македонија 01 Јуни, 2025 13:44
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, денеска лично достави документи до Јавното обвинителство (ОЈО) поврзани со, како што тврди, нелегално градење во општината Чаир. Во соопштение до медиумите, Арсовска реагира на однесувањето на обвинителството, прашувајќи зошто сега се бара нејзиното име за покренување постапка, кога досега институцијата постапувала и по „допрен глас“.
„Иако досега за милион постапки постапувале по анонимни пријави и по допрен глас, сега, по десет дена јавни повици за реакција, мора да го имаат моето име формално, како изговор за институционално малтретирање наместо да постапат против сторителите“, стои во соопштението од Град Скопје.
Арсовска додава дека не се плаши ниту од градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, ниту од министерот Изет Меџити, и изразува надеж дека со поднесувањето на документацијата конечно ќе се обезбедат и заштитат доказите, за кои постои сомневање дека се обидува да се уништат.
Од Град Скопје потсетуваат дека веќе неколкупати алармирале за можноста од прикривање на кривични дела и бараат од обвинителството да постапи по службена должност, како што е обврзано со закон.
Претходно, ОЈО Скопје ја повика Арсовска да дојде лично во нивните простории и да поднесе пријава за дивоградбите во Чаир, како и за евентуални закани по нејзината безбедност, нагласувајќи дека дежурен јавен обвинител ќе ја прими.
Размената на обвинувања меѓу институциите доаѓа во време на засилени јавни критики за урбанистичкиот хаос во Чаир и наводно неказнивото нелегално градење, за што јавноста сè поотворено бара одговорност и акција од надлежните органи.
Во меѓувреме Арсовска достави докази до Основното јавно обвинителство.
ОЈО Скопје претходно ја повика Данела Аровска лично да пријави дивоградби во Чаир и закани по живот и дека за тоа ќе ја чекал дежурен јавен обвинител.
Градоначалничката Арсовска вели дека имала сериозни закани по нејзиниот живот.
Пред предавањето на документите даде поопширна изјава за медиумите во која го објасни случајот.Можеби ќе ве интересира
ДУИ: Не сме доволно застапени во Народна банка и МЕПСО

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче добил „ауди“ на лизинг од „Зобек“

Штипјанка наседнала на измама со брзи кредити, враќала пари мислејќи дека не се нејзини

Пет млади девојки од Сарај се превртеа со БМВ на патот Тетово-Скопје, една тинејџерка почина

Се огласи мајката на Артан Груби: Те гонат како во комунизмот, ама ќе пропаднат како што пропадна тој систем

Филипче: Бугарија да се изјасни дека нема да не блокира поради јазикот и идентитетот

Европратеникот Вајц на удар од Бугарија само затоа што има реален став кон Македонија

Данела Арсовска: Газдата на „Адријус“ рече дека работникот сам си дошол да копа див приклучок

Владата остави телефонски број, повредените и најблиските од трагедијата во Кочани ќе може да се јават во секое време
